Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1979 - Родена е Norah Jones (2002 USА & UK No.1 албум 'Come Away With Me' - награден со Греми).
  • 1962 - Роден е Stanley Kirk Burrell, односно MC Hammer (1990 USА No.1 албум 'Please Hammer Don't Hurt Em' - поминува рекордни 21 недела на првото место на американската албумска листа; 1990 UK No.3 'U Can't Touch This').
  • 1964 - Родена е пејачката и текстописец Tracy Chapman (1988 UK No.5 & USА No.6 'Fast Car', 1988 USА & UK No.1 со албумот што го носи нејзиното име).
  • 2003 - Linkin Park доаѓаат на првото место на британската албумска листа со ‘Meteora’.
  • 2001 - LeAnn Rimes покрева тужба против својто татко и против поранешниот менаџер, тврдејќи дека парот и украл 12 милиони долари.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје