Настани

EXIT 2015

09.07.2015 - 12.07.2015

15-тото јубилејно издание на Exit фестивалот во Нови Сад забележа рекордна посета.

Во текот на четирите фестивалски денови, од 9 до 12 јули, низ фестивалските порти минаа 190.000 луѓе, поставувајќи нов рекорд во оваа деценија. На над 20 фестивалски бини настапија над 500 изведувачи. Фестивалската програма траеше од 19 часот навечер до 8 часот наутро.

Нов рекорд беше поставен во текот на саботната вечер посетена од 52.000 луѓе кои дојдоа да ги видат главните ѕвезди – Manu Chao, Martin Garrix и John Newman, а истата вечер на Фјужн бината – третата по големина бина на фестивалот – настапи македонската ѕвезда Каролина. Претходниот рекорд беше поставен во 2007 кога беше забележана дневна посета од 49.000 луѓе.

Годинава главни ѕвезди на Петроварадинската тврдина во Нови Сад беа Emeli Sande, Motorhead, Hardwell, Manu Chao, Martin Garrix, John Newman, Capital Cities, Faithless, Milky Chance, Tom Odell, Eagles of Death Metal, Chris Liebing, Dixon, Adam Beyer, Leftfield, Oliver Heldens, Roni Size Reprazent, Zomboy, Goldie, Octave One, Tale of Us, Klangkarussell.

Exit авантурата продолжи на плажата Јаз во Будва каде од 15 до 19 јули се одржа Sea Dance фестивалот на кој настапија The Prodigy, Rosin Murphy, Rudimental, Sigma, Wilkinson, Gramatik, Bondax, Flight Facilities, Noisia, Modestep, James Zabiela, Kim Ann Foxman, Dubioza Kolektiv, Viva Vox....

Галерија Цела галерија

Музички времеплов
  • 1968 - Родена е Dina Carroll (1993 UK No.3 'Don't Be A Stranger').
  • 2002 - Atomic Kitten се соочуваат со тужба, откако го отпуштаат Andy McCluskey, текстописецот на нивниот прв британски бр.1 хит 'Whole Again'. Бендот бил пред отпуштање од Innocent records кога се снимала песната, што подоцна ќе стане голем хит. Девојќите тогаш побарале поголема поделба на заработката од синглот, но McCluskey не прифатил. Според оригиналниот договор, секоја членка требало да добие по 4 фунти од секоја продадена копија на синглот.
  • 1957 - Родена е Kim Sledge од Sister Sledge.
  • 1997 - Третиот албум на Oasis, 'Be Here Now', станува еден од најбргу продаваните албуми воопшто, остварувајќи тираж од над милион копии во првиот ден од продажбата.
  • 1961 - Роден е американскиот диџеј и продуцент David Morales (1998 UK No. 8 ‘Needin’ U’).
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје