Настани

Brit Awards 2016

24.02.2016 21:00 - 24.02.2016 23:00

На 24 февруари во О2 Арената во Лондон се одржа 36-тото издание на Британските музички награди. По третпат и, како што најавија последен пат, во улога на водители на манифестацијата ги гледавме Ant & Dec, познато британско комично дуо. Големиот победник на вечерта беше Adele која дома си замина со 4 награди, меѓу кои Најдобар британски женски изведувач, Најдобар британски сингл и Најдобар британски албум.

Ѕвездата, која го затвори шоуто изведувајќи ја нумерата “When We Were Young” исто така ја доби наградата за Глобален успех. Таа сега се изедначи со Blur по бројот на освоени награди во една вечер

Наградите ќе се паметат и по емотивниот омаж посветен на David Bowie предводен од Annie Lennox и неговиот добар пријател актерот Gary Oldman. Австралиската ѕвезда Lorde, која Bowie своевремено ја нарече иднината на музиката, во придружба на музичарите кои со децении работеа со Bowie, достојно, моќно и со голема почит ја изведоа неговата култна класика “Life on Mars”.

Brit Awards беа отворени од Coldplay со изведбата на “Hymn for the Weekend”. Меѓу впечатливите изведби беа оние на Rihanna и Drake со “Work”, а нивното симулирање секс на сцената беше најфотографираниот момент на вечерта. Јustin Bieber најпрвин настапи со акустична изведба на “Love Youself” придружен на гитара од James Bay, a потоа придружен со оган и танчери ја изведе “Sorry”. На Британските музички награди настапија уште Jess Glynne, James Bay, Little Mix.

Наградите се емитуваа во живо и на YouTube, преку посебен канал, a за првпат  беше организиран и пренос од црвениот тепих кој беше емитуван на Фејсбук страницата на наградите. Освен тоа, во пресрет на Британските музички награди за првпат се организираше и музичка недела, на која настапија познати британски изведувачи на различни локации низ Лондон. Меѓу изведувачите беа Jack Garratt, Jamie xx, Florence + the Machine, Bloc Party, Above & Beyond, Proffesor Green и Coldplay

Листа на награди:

Најдобар британски машки соло изведувач – James Bay

Најдобар британски женски изведувач – Adele

Најдобра британска група – Coldplay

Најдобар британски нов изведувач – Catfish & The Bottlemen

Најдобар британски продуцент – Charlie Andrew

Најдобар британски албум – Adele, “25”

Најдобар британски сингл – Adele, “Hello”

Најдобар британски спот – One Direction, “Drag Me Down”

Најдобар интернационален машки изведувач – Justin Bieber

Најдобар интернационален женски изведувач – Bjork

Најдобра интернационална група – Tame Impala

Critic’s Choice – Jack Garratt

Глобален успех – Adele

BRIT икона – David Bowie

Музички времеплов
  • 1996 - UK No.1 Boyzone 'A Different Beat'
  • 1972 - Филмот 'Born To Boogie' режиран од Ringo Starr, има премиера во Лондон. Во филмот се појавуваат T Rex.
  • 1963 - На 39 години умира американската пејачка Dinah Washington. Mad About A Boy
  • 2003 - Alicia Keys го добива вториот американски бр.1 албум ‘The Diary Of Alicia Keys’. If I Ain't Got You
  • 1969 - Со гостувањето во шоуто на Ed Sullivan, Jackson Five го имаат првото појавување на ТВ.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје