Антена 5 Вести

Katy Perry ќе настапи на Brit Awards

Американската ѕвезда Katy Perry се приклучи кон листата изведувачи на претстојните Британски музички награди. Тоа ќе биде нејзин прв настап во живо на британските ТВ екрани после три години.

“Возбудена сум што ќе се вратам во една од моите омилени земји откаде доаѓаат некои од моите најголеми музички влијанија. Возбудена сум што после три години ќе се вратам на сцената на Brit Awards,“ се огласи Perry.

Своето враќање на сцената Perry го најави со настапот на Греми наградите кои се одржаа во неделата во Лос Анџелес,  а на кои го изведе новиот сингл “Chained To the Rhythm”.

Претходно, беше објавено дека на Британските музички награди ќе настапат Bruno Mars, Ed Sheeran, Robbie Williams, Skepta, The 1975, Little Mix и Emeli Sande. Како водители на манифестацијата се ангажирани Dermot O’Leary и Emma Willis.

Наградите ќе бидат емитувани во живо на Антена 5 радио.  

14.02.2017
Музички времеплов
  • 1944 - Родена е Estelle Bennett од Ronettes, познати по хитот 'Be My Baby'.
  • 1979 - Little Richard, сега познат како пречесниот Richard Pennman зборува за лошите духови на рокенрол музиката, изјавувајќи: 'Ако Господ може да спаси еден стар хомосексуалец како мене, може да го спаси секого'.
  • 1947 - Роден е Don Henley, тапанист и воклаист во Eagles и соло изведувач. 'The Boys of Summer'
  • 1972 - Paul и Linda McCartney се уапсени во Шведска зашто поседувале дрога.
  • 1973 - Роден е Daniel Jones од Savage Garden. To The Moon And Back
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје