Антена 5 Вести

ИФА Глобална прес конференција во Лисабон

Од 20 до 23 април во Лисабон, Португалија, се одржа годинешната ИФА глобална прес конференција на која е најавен саемот ИФА 2017, најголемиот европски саем на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, кој како и секогаш ќе се одржи на почетокот од септември во Берлин, Германија.

На ИФА глобална прес конференција учествуваа околу 300 претставници на медиумите од разни страни на светот, меѓу кои и Антена 5 радио. Овој настан се одржува  веќе 11 години, а негови претходни домаќини биле градовите Амстердам и Хонгконг. Тој е замислен како своевидно дружење на производителите со новинарите за да може претставниците на седмата сила да дознаат што повеќе информации за новитетите кои ќе бидат претставени на берлинскиот саем, како и трендовите во индустријата. Така, најавено е дека во наредниов период во областа на мобилната телефонија, апаратите за домаќинство и ИТ секторот ќе го одбележат, меѓу другото, потполно вмрежување на куќната техника, еволуција на телевизорот, мобилноста на слушалките и нивен поголем квалитет и можности, гласовни команди кои ќе бидат застапени во се поголем број на уреди, нови дизајнерски решенија вграден интернет во апаратите за домаќинство.

На првиот ден на конференцијата беа одржани презентации на компании кои ќе учествуваат на ИФА Берлин во септември, меѓу кои Филипс, Самсунг и Порше дизајн. На вториот ден се одржа ИФА глобална прес конференција во чии рамки ИТ стручњаците и аналитичарите ги претставуваа трендовите кои ќе доминираат годинава.

Во Лисабон беше најавено дека годинашното издание на ИФА Берлин ќе се одржи од 1 до 6 септември и дека овој саем ќе биде најголемиот досега. Во однос на новините, покрај ИФА Глобалниот маркет кој беше востановен минатата година и се одржува во посебен простор, годинава саемот ќе биде збогатен со настанот насловен IFA Next - потполно нов концепт кој на едно место ќе ги привлече стартапите, но и разни други иновативни проекти, истражувачките лаборатории, универзитети и компании. Со IFA Next, иновациите ќе добијат сопствена сцена.

04.05.2017
Музички времеплов
  • 1987 - Kate Bush започнува двонеделен престој на првото место на британската албумска листа со 'The Whole Story'.
  • 1967 - Jimi Hendrix Experience снимаат сесија за шоу на Радио Луксембург. Во барот на радиото направиле сметка од 2,5 фунти, а немале пари да ја платат.
  • 1999 - Fatboy Slim започнува 4-неделен престој на првото место на британската албумска листа со 'You've Come A Long Way Baby'. Rockafellar Skunk
  • 1994 - Donny Osmond учествува на добротворен бокс меч во Чикаго против поранешниот член на Partridge Family, Danny Bonaduce. Osmond изгубил 2-1.
  • 1959 - Родена е Susanna Hoffs, гитаристка и вокалистка во Bangles. 'Manic Monday'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје