Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 2002 - UK No.1 Holly Valance 'Kiss Kiss'
  • 1968 - Се разидуваат Buffalo Springfield.
  • 2000 - Rod Stewart е подложен на едночасовна операција на грлото за отстранување израсток на штитната жлезда. На крај излегува дека израстокот бил безопасен.
  • 1990 - Во Мерсејсајз се одржува концерт во чест на John Lennon и на него се појавуваат Lenny Kravitz, Al Green, Joe Cocker, The Christians, Kylie Minogue, Ringo Starr, Jeff Lynne, Tom Petty, Deacon Blue, Lou Reed, Joe Walsh и Wet Wet Wet.
  • 1984 - UK No.1 Duran Duran 'The Reflex'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје