Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 1972 - Bruce Springsteen е на аудиција пред шефот на CBS Records, John Hammond и бил воодушевен.
  • 1904 - Роден е Bing Crosby. Снимил вкупно 2.600 песни меѓу кои е вториот најпродаван сингл на сите времиња 'White Christmas'.
  • 1981 - USA No1 Sheena Easton 'Morning Train (9 to 5)'.
  • 1964 - Деби лабумот на Rolling Stones, што го носи името на групата, го започнува своето 12 неделно опстојување на врвот на британската албумска листа.
  • 1970 - UK No1 Norman Greenbaum 'Spirit In The Sky'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје