Антена 5 Вести

Rag’n’Bone Man ќе настапи на Brit Awards

Минатогодишниот добитник на Critic’s Choice наградата, Rag’n’Bone Man се приклучи кон листата изведувачи на Британските музички награди.

Британскиот пејач, чие вистинско име е Rory Graham, има успешна година зад себе – неговото прво студиско издание “Human” дебитираше на 21 место на британската албумска листа и стана најбрзо продаваниот деби албум на британски машки изведувач во последната деценија. Освен тоа, минатата година на престижната манифестација ја освои и наградата за Најдобар британски нов изведувач, а настапи и на повеќе музички фестивали меѓу кои Exit во Нови Сад.

Rag’n’Bone Man се приклучува кон листата изведувачи составена од Foo Fightеrs, Ed Sheeran, Sam Smith, Dua Lipa и Stormzy.

Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во лондонската O2 Арена. Водител на манифестацијата ќе биде британскиот комичар Jack Whitehall.

Антена 5 и оваа година ќе ги емитува во живо Британските музички награди и подготвува специјална програма со јавувања во живо, интервјуа и извештаи пласирани во својата радио програма и преку своите друштвени платформи.

16.01.2018
Музички времеплов
  • 1977 - UK No.1 Leo Sayer 'When I Need You'
  • 2000 - UЅА No.1 Savage Garden 'I Knew I Loved You'
  • 1996 - На британска ТВ прикажана е снимка со Bjork како пристигнува на аеродром во Тајланд и напаѓа новинарка, така што ја турка на земја и и ја удира главата. Bjork подоцна ќе се извини.
  • 1972 - UЅА No.1 Harry Nilsson 'Without You'
  • 1924 - Роден е актерот и пејач Lee Marvin (UK 1970 UK No.1 ‘Wand’rin Star’)
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје