Антена 5 Вести

Sea Dance го најавува своето шесто издание

Шестотo издание на Си Денс фестивалот ќе се одржи од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември на скриениот бисер на Јадранскиот брег, плажата Буљарица во Будва. Меѓу хедлајнерите се најавени најуспешниот музички продуцент на 21 век и еден од најбараните музички изведувачи на светот David Guetta, таткото на глобалното техно движење и трикратен добитник на наградата за најдобар светски диџеј Sven Vath, еден од најценетите електронски изведувачи Richie Hawtin, водечкиот германски продуцент и диџеј Robin Schultz, француската клупска сензација, дуото Offenbach и фамозниот германски продуцент Recondite, регионалните асови како големиот Дарко Рундек и Сенида .

Најбараното британско денс трио Disciples ќе му се придружи на својот пријател и ментор David Guetta во завршната ноќ на овогодишниот Си Денс  фестивал на 1-ви септември Популарните хитмејкери од Лондон ги носат песните кои последните неколку години будквално не се симнаа од светските радио станици, а нивниот најголем хит „How Deep Is Your Love” со право се смета за една од песните кои ја одбележаа деценијата која изминува. Гластонбери, Лидс, Кримфилдс и ЕГЗИТ, се само некои од најголемите светски фестивали на кои настапуваа, а денеска во „Ушуаја“, најмасовниот клуб на Ибица, настапуваат рамо до рамо со имиња како што се токму нивните некогашни ментори и денешни соработници, Caalvin Harris и David Guetta, но и уште една ѕвезда на Си Денс – Sven Vath!

David Guetta e најуспешниот музички продуцент на 21-от век и еден од најбараните музички изведувачи на светот.Публиката од целиот свет ќе има единствена прилика да ја види француската суперѕвезда која е најзаслужна за револуцијата на музичката индустрија од почетокот на оваа деценија, кога електронската музика стана водечки музички правец, а диџеите најголеми светски ѕвезди. За тоа говори и фактот дека е еден од најпопуларните светски изведувачи со неверојатни 11 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ каналот и над 100 милиони фанови на социјалните мрежи! Тој е воедно и единствениот диџеј кој има продадено вртоглави 50 милиони албуми и синглови, а добитник е и на бројни водечки музички награди.

За еден од најпочитуваните електронски изведувачи и трикратен добитник на наградата за најдобар светски диџеј Richie Hawtin, настапот на Си Денс фестивалот ќе биде премиерно појавување во Црна Гора. Со него на главната сцена пристигнува и членот на легендарната издавачка куќа на Hawtin – Minus и резидент на најголемите светски забави Jon Gaiser.

Уште едно од клучните имиња од Денс Арена доаѓа на Си Денс , но овој пат на морското издание на втората  култна бина на Егзит – No Sleep. Програмата на бессоната бина која се наоѓа непосредно покрај морскиот брег ќе биде предводена од познатиот германски продуцент Recondite, чии настапи во живо се искуство за сите сетила, а неговиот богат музички опус го прави најбараниот изведувач на светската сцена.

На главната бина на фестивалот ќе настапи и еден од најбараните диџеи и продуценти на Балканот, македонскиот гениј Галоски. Под другиот алијас „ Sand & Sense го објави и синглот „Cold Night“ кој излезе од рамките на регионалната популарност и се вброи меѓу најслушаните нумери на славното „Би-Би-Си Радио 1“.

„Си Денс“ минатата година на прекрасната плажа Буљарица собра речиси 50.000 посетители од целиот свет, а со тоа влезе и во самото финале на борбата за најдобар европски фестивал!  Годинава се очекува исто така голема посета, а најавените хедлајнери предизвикаа незапаметен интерес за овогодишниот Фестивал, кој според сите најави ќе го посети публика од над 30 различни земји, па покрај најавената најсилна програма досега, се очекува дека ова издание ќе биде и најинтернационалното досега.

20.08.2019
Музички времеплов
  • 1986 - UK No.1 Nick Berry 'Every Loser Wins'
  • 1926 - Роден е Charles Edward Berry, односно Chuck Berry. Roll Over Betoven
  • 1987 - На брит. ТВ ITV се прикажува документарец за Smiths, снимен за време на создавањето на албумот 'Strangeways'.
  • 1989 - За време на концерт на Guns N' Roses во Лос Анџелес, фронтменот Axl Rose пред публиката објавува дека го напушта бендот.
  • 1968 - John Lenon и Yoko Ono се уапсени зашто бил откриен канабис во апартманот во кој престојувале.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје