Настани

Sea Dance 2016

14.07.2016 20:00 - 16.11.2016 23:00

Годинашната Exit авантура забележа над 270.000 посетители од над 60 земји во светот. Во текот на четирите фестивалски денови во Нови Сад во рамките на Exit фестивалот и трите фестивалски дена во Будва во рамките на Sea Dance фестивалот настапија некои од најголемите светски музички ѕвезди.

Третото издание на Sea Dance фестивалот се одржа на плажата Јаз во Будва од  14 до 16 јули 2016 и помина во одлична атмосфера и покраj невремето кое го зафати црногорскиот брег. Меѓу изведувачите беа Stereo MCs, Andy C, Black Coffee, Sister Bliss од Faithless, Jeff Mills, Lost Frequencies, Banco de Gaia, Zomboy, Goldie, Sub Focus, Shy FX. На првата фестивалска вечер настапи Skrillex кој, како и две години претходно на Exit во Нови Сад, имаше извонреден настап. За завршницата на фестивалот беше резервиран настапот на дуото од Манчестер - Hurts.

Музички времеплов
  • 1985 - Billy Joel се жени со моделката Christie Brinkley на брод кој плови покрај Статуата на слободата. Ќе се разведат по 10 години.
  • 1953 - Родена е Yvette Marie Stevens, односно Chaka Khan (1984 UK No.1 & USА No.3 'I Feel For You').
  • 1996 - US No.1 Celine Dion 'Because You Loved Me'
  • 1972 - Родена е Beverly Knight (2002 UK No. 10 ‘Shoulda Woulda Coulda’).
  • 1968 - Роден е Damon Albarn, вокалист во Blur (1994 UK No.1 албум 'Park Life' - мине 2 години на британската топ листа, 1995 UK No. 1 'Country House' и уште 12 други UK Top 40 синглови) и на Gorillaz (2005 UK No.1 'Dare').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје