Спортски Вести

Мареј победник на Мастерсот во Монтреал

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во финалето по речиси три часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Со оваа победа тој ја прекина серијата од осум триумфи на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и ја постигна деветта победа во 28.иот меѓусебен меч.

Финалето Мареј го доби со 6:4; 4:6 и 6:3 во сетови.

Новиот шампион на „Роџерс купот“ во Монтреал го искористи нешто послабиот сервис и грешките, кои ги правеше првиот светски тенисер и заслужено стигна до својата четврта титула во 2015 година или 35.та во кариерата. 

Беше познато и пред освојувањето на турнирот во Монтреал дека Мареј од денеска се враќа на местото број 2 на АТП листата и успеа да го мине Рожер Федерер, додека на првото место е Новак Ѓоковиќ

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1994 - UK No1Symbol “The Most Beautiful Girl In The World” 2 w.
  • 1977 - USA No1Thelma Houston “Don’t Leave Me This Way” 1 w.
  • 1988 - USA No1Whitney Houston “Where Do Broken Hearts Go” 2 w.
  • 1936 - роден е Roy Orbison.
  • 1979 - на првото место во САД доаѓа “Heart of Glass” на Blondie. Како прослава Andy Warhol организира забава за групата во дискотеката Studio 54 во Њујорк.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје