Спортски Вести

И седмопласираната од Евробаскетот оди во квалификации за ОИ

На кошаркарскиот турнир на Олимписки игри 2016 ќе настапат 18 селекции, наместо досегашната пракса од 12, што значи дека Европа ќе има пет, наместо досегашните четири претставници.

 

Тоа значи дека и седмопласираната репрезентација од Европското првенство кое започнува на 5 септември ќе добие шанса да настапи на предолимпискиот турнир.

 

Истото важи и за четвртопласираните репрезентации од шампионатите на Азија и Африка.

 

Преостанатите три места ќе бидат пополнети по принципот „вајлд-карта“ која ФИБА ќе им ја врачи на државите кои нема да успеаат да се пласираат, а имаат одреден квалитет и углед во кошаркарската јавност.

 

Македонија на Европското првенство ќе настапи против Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.

14.08.2015
Музички времеплов
  • 1946 - Родена е Lesley Goreпозната по хитот 'It's My Party'.
  • 1992 - The Cure за првпат се искачуваат на врвот на британската албумска листа со 'Wish', вкупно 15-ти во нивната кариера. Албумот го содржи и хитот 'Friday I'm In Love'.
  • 1955 - Роден е Jo Callis од Human League.
  • 1981 - USA No1 Sheena Easton 'Morning Train (9 to 5)'.
  • 1963 - Beatles за првпат доаѓаат на врвот на британската сингл листа со 'From Me To You', воедно прв од 11-те последнователни британски бр1 хитови за групата.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје