Спортски Вести

Пријавени 24 пливачи за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и четири натпреварувачи од кои 12 мажи и исто толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија имаат пријавено учество на 29-тиот по ред Меѓународен пливачки маратон што в сабота 29. август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Меѓу пливачите од светската маратонска елита оваа година боите на Македонија ќе ги бранат нашите маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“  до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри.

Организатори на  маратонот се Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата. Оттаму со информација дека сите активности во врска со настанот се во завршна фаза. Општина Охрид и оваа година целосно ја презема одговорноста околу техничката организација  на маратонот, што подразбира  поддршка околу организацијата  во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, детали околу организирањето на културно–забавниот дел на  манифестацијата на самата цел, како и нуркачи, спасувачки  екипи  и друго.

За охридската локлана самоуправа Охридскиот пливачки маратон е настан од посебна важност, бидејќи како настан од светски рамки, придонесува за афирмација на Охрид како спортски и туристички центар.

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1989 - Jon Bon Jovi се жени со неговата девојка од средношколките денови Dorothea Hurley.
  • 1976 - со концерт во Германија Rolling Stones за првпат по 3 години настапуваат во Европа.
  • 2004 - магазинот Rolling Stone известува дека ќе се снима биографски филм за Janis Joplin и во улога на Joplin ќе се појави Pink.
  • 1946 - USA No1 “Prisoner of Love'' Perry Como.
  • 2002 - Sugababes “Freak Like Me” 1 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје