Музички Вести

Ciara е бремена

Ciara потврди дека очекува дете со својот нов сопруг, рагби ѕвездата Russell Wilson. Пејачката ја објави веста преку својот Инстраграм профил на 25 октомври, кога наедно наполни 31 години.

Покрај црно-белата слика со Wilson, таа напиша: “На овој посебен роденден добив мноштво љубов од пријателите и семејството... и возбудена сум што конечно може да споделам еден од најголемите подароци што Господ може да ги подари...“ Пораката ја заврши со емитикони од бебиња.

Од врската со бившиот свршеник, раперот Future, таа го има 3-годишниот син Future Zahir.

26.10.2016
Музички времеплов
  • 1983 - Хитот на The Stranglers, 'Golden Brown', е прогласен за највртена песна за 1982 година на Ivor Novello наградите.
  • 1996 - Вокалистката на Cranberries, Dolores O'Riordan добива јавно извинување и оштета од 7.500 фунти од магазинот Daily Star, зашто имал објавено лажна информација дека Dolores на концертите настапува без долна облека.
  • 1959 Роден е Ian McCulloch од Echo And The Bunnymen.
  • 2000 - Rod Stewart е подложен на едночасовна операција на грлото за отстранување израсток на штитната жлезда. На крај излегува дека израстокот бил безопасен.
  • 1964 - Роден е Kevin Saunderson од Inner City.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје