Антена 5 Вести

Calvin Harris со деби на Британските музички награди

Супер успешниот шкотски диџеј и продуцент Calvin Harris ќе го има своето деби на Британските музички награди како изведувач. За оваа посебна пригода тој се потруди да има настап за кој долго ќе се зборува бидејќи на сцената ќе биде придружен од три големи британски ѕвезди и БРИТ добитници – Dua Lipa, Sam Smith и Rag’n’Bone Man.

Тие се приклучуваат кон листата изведувачи составена од 1975, George Ezra, Little Mix и Jorja Smith.

Harris е номиниран во категориите Најдобар сингл и Најдобар спот заедно со Dua Lipa за “One Kiss”, нумерата која беше најпродаваниот сингл за 2018 во Британија и која помина осум недели на врвот на британската сингл листа. Dua Lipa e номинирана во истите категории и за својот хит сингл “IDGAF”. Sam Smith, пак, е номиниран во категоријата Најдобар британски машки изведувач.

39-тото издание на Британските музички награди ќе се одржи на 20 февруари во O2 Арената во Лондон и ќе се емитува во живо на Антена 5 радио. Номинациите за наградите беа објавени кон средината на јануари, а листата со по 4 номинации ја предводат Anne-Marie и Dua Lipa. Домаќин на манифестацијата е актерот и комичар Jack Whitehall.

07.02.2019
Музички времеплов
  • 1940 - Роден е Johnny Nash (1972 USА No.1 'I Can See Clearly Now', 1975 UK No.1 'Tears On My Pillow').
  • 2001 - На 61 година умира американската соул пејачка Betty Everett. Најпозната е по хитот од 1964 година 'The Shoop Shoop Song (It's In His Kiss').
  • 1967 - USА No.1 Beatles 'All You Need Is Love'
  • 1972 - Chicago започнуваат 5-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Chicago V'.
  • 1978 - UK No.1 Commodores 'Three Times A Lady'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје