Антена 5 Вести

На Exit доаѓаат Guetta, James Arthur, Fatboy...

Музичките суперѕвезди, вистински легенди и водечки изведувачи на денешницата ги предводат првите 20 имиња објавени за големата прослава на 20 години на EXIT Фестивалот! David Guetta, Tyga, James Arthur, Fatboy Slim, Boris Brejcha, Sepultura, Artbat, Zhu, Meduza и многу други на Петроварадинската тврдина ќе донесат разновидност од стилови на електронската, гитарската и хип-хоп музиката.
Листата со првите и ударни изведувачи на Exit ја предводи една од најбараните ѕвезди на денешницата, David Guetta . Популарниот Французин е најуспешниот музички продуцент на 21. век со повеќе од  100 милиони фанови на социјалните мрежи, преку 50 милиони продадени албуми и синглови, како и две „Греми“ награди. Неговиот настап на Exit ќе биде вистинска светска ексклузива, бидејќи од следната година тој драстично го намалува бројот на настапи, и ќе се појави само на неколку водечки светски фестивали. За среќа Guetta нема намера да ја пропушти големата прослава за 20 години на Exit поради дводеценискиот однос со новосадскиот фестивал, но и поради фактот дека токму тој е изгласан за најпосакуваниот изведувач во големата анкета на фановите на  EXIT!
 
Tyga е еден од водечките рапери на денешницата, кој ги потпишува хитовите со ликови како што се Santana, Drake, Offset, DJ Snake и Snoop Dogg. Зад себе има седум студиски албуми, од кои овогодишниот „Legendary“ достигна и платинест тираж.
 
 На EXIT доаѓа уште еден стриминг мултимилијардер, еден од најпопуларните британски кантавтори James Arthur кој со своите вонвременски хитови „Impossible“ и „Say You Won't Let Go“ двапати беше прв на британската топ листа, како и на врвот на листата „Billboard Hot 100“!
 
На главната бина, на Guetta ќе му се придружи уште еден легендарен диџеј и продуцент, но и вонсериски шоумен кој е подеднакво вткаен во 20 години долгата историја на Exit, Fatboy Slim! Откако оваа година направи голема турнеја низ најголемите спортски арени во Европа, следната година доаѓа со новото шоу со кое докажа зошто и понатаму цврсто ги држи хедлајнерските позиции на најголемите фестивали и важи за еден од најзначајните диск-џокеи на сите времиња.
 
 Една од најпопуларните EXIT ѕвезди на новата генерација и ударното име на електронската сцена Boris Brejcha, се враќа на тврдината со нова музика и во момент кога е поголем од било кога. 
 
Љубителите на мелодичната електронска музика веќе во првата рунда добиваат ударни имиња меѓу кои е и Meduza, еден од фаворитите за „Греми“ наградите, чиј хит „Piece of Your Heart“ брои преку 600 милиони стримови, покрај платинестите тиражи и врвовите на американската, британската и низа други светски топ листи! На небројните барања на публиката, на тврдината се враќа и мистериозниот диџеј и продуцент ZHU, сопственик на гигантските хитови „Faded“, „In the Morning“, „Working for it“ и низа други синглови, но и ремикси за ѕвезди како што се Lana Del Ray или Calvin Harris.
 
Дваесет години Exit - ова не поминува без враќање на неговите први хедлајнери кои беа доволно храбри, или едноставно доволно луди за меѓу првите да дојдат на тогаш новиот фестивал во Србија, земјата за која можеа да чујат сѐ спротивно од она што таму го доживеаја запознавајќи ја притоа лице в лице најдобрата публика на светот. На тврдината се враќаат бристолските арт-рокери Kosheen, но и Roni Size и LTJ Bukem, живите икони на бас музиката споени во „back2back“ специјално за EXIT фестивал!
 
Првиот славенички EXIT бран носи и грст гитарски титани, како што е моќната бразилска Sepultura, култната група која зад себе има дури 14 албуми и рифови кои ја обележаа историјата на метал, но и на рок музиката во целост. На тврдината доаѓа и њујоршката хардкор фаца Billy Milano, со своите M.O.D. (Method of Destruction), руската Moscow Death Brigade, метал-рок герилата Crippled Black Phoenix, како и еден од водечките пост-панк дарк-вејв бендови She Past Away и дет-кор британскиот состав Bury Tomorrow. Силната прва гарнитура ја дополнуваат и во моментов најбараниот српски бенд, диско-рокенрол-електро дуото Буч Кесиди, култниот алтернативен рок состав E-play и новосадските херои Love Hunters.
 
Новогодишен подарок: Со EXIT 2.0 и двапати на море!

Во тек е големата новогодишна акција во која со купување на влезница за јубилејниот, дваесетти роденден на EXIT Фестивал по промотивната цена од 3700 денари, на подарок можете да добиете и фестивалски влезници за Sea Star во Умаг и Sea Dance на плажата Буљарица во Будва! Акцијата трае до крај на годината, а за подарок влезниците доволно е само сите постоечки и идни купувачи на билет за EXIT потоа да се регистрираат во периодот од 1-ви до 29-ти февруари на сајтот exitfest.org каде што и се спроведува продажбата на билетите. Туристичките пакети за EXIT и другите фестивали се наоѓаат на сајтот exittrip.org

20.12.2019
Музички времеплов
  • 1964 - роден е David Pirner, пејач и текстописец во Soul Asylum.
  • 1935 - роден е Боби Витон лансер на хитот Blue Velvet
  • 1973 - Paul McCartney се појавува со специјалното ТВ шоу "James Paul McCartney" од кое дел се и неговата сопруга Linda и Wings.
  • 1977 - издаден е легендарниот албум на Fleetwood Mac, "Dreams".
  • 1993 - Billy Burnette ги напушта Fleetwood Mac за да се сконцентрира на кантри музиката.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје