Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 1988 - UK No1 X-Press “Theme From S-Xpress” 2 w.
  • 1983 - UK No1 Spandau Ballet “True” 4 w.
  • 1965 - The Kinks ја започнуваат првата британска турнеја.
  • 1968 - основачот на Blood, Sweat and Tears, Al Kooper и саксофонистот Randy Brecker, го напуштаат бендот по само еден албум.
  • 1968 - од прекумерна доза хероин умира Франки Лејмон од Teenagers.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје