Спортски Вести

Мареј победник на Мастерсот во Монтреал

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во финалето по речиси три часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Со оваа победа тој ја прекина серијата од осум триумфи на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и ја постигна деветта победа во 28.иот меѓусебен меч.

Финалето Мареј го доби со 6:4; 4:6 и 6:3 во сетови.

Новиот шампион на „Роџерс купот“ во Монтреал го искористи нешто послабиот сервис и грешките, кои ги правеше првиот светски тенисер и заслужено стигна до својата четврта титула во 2015 година или 35.та во кариерата. 

Беше познато и пред освојувањето на турнирот во Монтреал дека Мареј од денеска се враќа на местото број 2 на АТП листата и успеа да го мине Рожер Федерер, додека на првото место е Новак Ѓоковиќ

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1988 - USA No1Whitney Houston “Where Do Broken Hearts Go” 2 w.
  • 1936 - роден е Roy Orbison.
  • 1975 - на 27 години во својата гаража се беси Peter Ham, гитарист и текстописец во Badfinger. Се смета дека бил во тешка депресија поради финасиските проблеми во групата.
  • 1939 - роден е Ray Petersen чиј најголем успех била песната “Tell Laura I Love Her” која била збранета за емитување на англиското радио.
  • 1987 - Carole King го тужи сопстевникот на издавачката компанија Lou Adler за неисплатени преку 400.000 долари за авторски права.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје