Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1981 - поради поседување дрога уапсен е John Phillips од Mamas and the Papas.
  • 1999 - Billy Joel го има последниот јавен поп концерт. Во иднина планира да и се посвети на класичната музика.
  • 1960 - враќањето на Elvis Presley во Холивуд да го сними филмот "G.I. Blues" е поздравено со огромни фанфари.
  • 2003 - на 70 години починува џез легендата Nina Simone.
  • 1969 - L.A. Free Festival во California завршува со 117 уапсени уште пред официјално да започне.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје