Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1985 - Billy Joel се жени со моделката Christie Brinkley на брод кој плови покрај Статуата на слободата. Ќе се разведат по 10 години.
  • 1972 - Родена е Beverly Knight (2002 UK No. 10 ‘Shoulda Woulda Coulda’).
  • 1997 - U2 го добиваат петтиот американски бр.1 албум ‘Pop’.
  • 1985 - Поранешниот фронтмен на Creedence Clearwater Revival, John Fogerty доаѓа на првото место на американската албумска листа со 'Centerfield.'
  • 1949 - Роден е Ric Ocasek од The Cars (1978 UK No.3 'My Best Friend's Girl.' 1984 USА No.3 & 1985 UK No.4 'Drive').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје