Британските ТВ ѕвезди Dermot O'Leary и Emma Willis ќе бидат водители на Британските музички награди, објавија организаторите по повлекувањето на Michael Buble.
41-годишната канадска ѕвезда требаше да биде водител на престижната британска манифестација, но мораше да се откаже откако на неговиот 3-годишен син Noah му беше дијагностициран рак на црниот дроб.
Dermot O'Leary и Emma Willis се популарни ТВ лица во Англија и се познати како водители на шоута за таленти X Factor и The Voice.
Британските музички награди ќе се одржат на 22 февруари во лондонската O2 Арена. Меѓу изведувачите се најавени Robbie Williams, Little Mix. The 1975 и Emeli Sande.
03.02.2017