Антена 5 Вести

Објавени првите изведувачи на Brit Awards 2020

БРИТ номинираните изведувачи Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel и Strormzy се најавени како изведувачи на претстојното издание на Британските музички награди, заедно со Celeste која е добитник на Rising Star наградата.

Музичкиот феномен Billie Eilish е номинирана во категоријата Најдобар женски интернационален изведувач. Со своето студиско деби “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?”, минатата година 18-годишната поп ѕвезда стана најмладиот женски изведувач кој ја освоил британската албумска листа. Минатото лето имаше и запазени настапи на британските музички фестивали Гластонбери и Рединг & Лидс.

Во декември Harry Styles го издаде вториот соло албум “Fine Lines”, на кој се најдоа хит сингловите “Lights Up” и “Adore You”. Тој е номиниран во категориите Најдобар британски машки изведувач и Албум на годината.

Шкотскиот музичар Lewis Capaldi имаше година од сништата во 2019. Неговиот деби албум помина шест недели на врвот на британската листа, годината ја заврши како најпродаваниот албум на годината во Британија, а на врвот се врати како првиот бр.1 албум во новата деценија. Номиниран е во 4 категории –  Најдобар британски машки изведувач, Најдобар нов изведувач, Песна на годината и Албум на годината.

2019 беше успешна и за Mabel. “Don’t Call Me Up” постигна глобален успех и беше најпродаван сингл на годината од британски женски изведувач. Номинирана е за три БРИТ нагаради - Најдобар британски женски изведувач, Најдобар нов изведувач и Песна на годината.

По извонредниот настап на Гластонбери и успехот со бр.1 албумот “Heavy Is The Head”, на кој се најдоа два бр.1 синглови – “Own it” и “Vossi Bop”, британскиот рапер Stormzy се враќа на Британските музички награди, по извонредниот настап во 2018. Годинава е номиниран во 3 категории - Најдобар британски машки изведувач, Песна на годината и Албум на годината.

Претходно беше објавено дека добитник на првата Rising Star награда e Celeste која наедно ќе настапи на шоуто.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена и ќе бидат пренесувани во живо на Антена 5 радио.

24.01.2020
Музички времеплов
  • 2004 - UK No1 Eamon “F*** It (I Don’t Want You Back)” 4 w.
  • 1981 - UK No1 Buck’s Fizz “Making Your Mind Up” 3 w.
  • 1981 - британскиот прогресивен рок бенд Yes најавува распад. Подоцна ќе се реобединуваат уште неколку пати.
  • 1975 - премиера на специјална ТВ емизија за Alice Cooper, "Welcome To My Nightmare: The Making Of A Record Album".
  • 1992 - UK No1 Right Said Fred “Deeply Dippy” 3 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје