Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 1998 - Massive Attack го започнуваат двонеделниот престој на првото место на британската албумска листа со албумот 'Mezzanine'.
  • 1953 - Роден е Bruce Hall од REO Speedwagon, кои го имаа хитот 'Keep On Loving You'.
  • 1969 - Jimi Hendrix е уапсен во Торонто заради поседување наркотични средства. Заработува казна од 10.000 долари.
  • 1976 - David Bowie го има првиот од шесте распродадени концерти на Вембли Стадионот, негова прва британска турнеја по 3 години.
  • 1933 - Роден е кумот на соулот James Brown.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје