Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1976 - со концерт во Германија Rolling Stones за првпат по 3 години настапуваат во Европа.
  • 1946 - USA No1 “Prisoner of Love'' Perry Como.
  • 1999 - се распаѓа британскиот бенд the Verve.
  • 1999 - Tommy Petty and the Heartbreakers добиваат ѕвезда на холивудскиот Walk of Fame.
  • 2004 - магазинот Rolling Stone известува дека ќе се снима биографски филм за Janis Joplin и во улога на Joplin ќе се појави Pink.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје