Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1987 - UK No1 Madonna”La Isla Bonita” 2 w.
  • 1874 - Џуљермо Маркони го пронашол радиото. Прв слушател на првата радио програма е неговата жена.
  • 1985 - бродвејско деби за мјузиклот “Big River” на Roger Miller.
  • 2000 - како дел од ТВ шоу во Лондон, Eric Clapton за првпат по 29 години има настап со својот колега од Derek & the Dominos, Bobby Whitlock.
  • 1968 - Beatles одбиваат да настапат за англиската кралица на шоуто на фондацијата British Olympic Appeal, причина – не пеат на добротворни концерти.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје