Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1918 - родена е Ella Fitzgerald, позната по т.н. скат пеење.
  • 2002 - на 30 години во сообраќајка загинува Lisa "Left Eye" Lopes, од женската Р&Б група TLC.
  • 1874 - Џуљермо Маркони го пронашол радиото. Прв слушател на првата радио програма е неговата жена.
  • 1987 - UK No1 Madonna”La Isla Bonita” 2 w.
  • 1985 - бродвејско деби за мјузиклот “Big River” на Roger Miller.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје