Антена 5 Вести

Foo Fighters на Brit Awards

Американскиот рок бенд Foo Fighters за првпат во својата кариера ќе настапи на Британските музички награди кои ќе се одржат следниот месец. Тие се приклучуваат кон листата изведувачи составена, засега, од Ed Sheeran, Sam Smith, Dua Lipa и Stormzy.

Foo Fighters можат да се пофалат со четири бр.1 албуми во Велика Британија и повеќе награди на Brit Awards. Бендот предводен од Dave Grohl минатата година беше меѓу хедлајнерите на престижниот британски фестивал Гластонбери, a во септември нивниот албум “Concrete and Gold” се искачи на врвот на британската албумска листа.

Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во лондонската O2 Arena. Номинациите ќе бидат објавени на 13 јануари.

13.01.2018
Музички времеплов
  • 1968 - Членот на Rolling Stoneѕ, Brian Jones добива казна поради поседување канабис.
  • 2004 - Green Day се искачуваат на првото место на британската албумска листа со седмиот албум ‘American Idiot’.
  • 1945 - Роден е Bryan Ferry, вокалист во Roxy Music и соло изведувач. Еве го со Roxy Music и Avalon.
  • 1987 - Michael Jackson започнува 6-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Bad'.
  • 1943 - Роден е пејачот и клавијатурист Georgie Fame. 'The Ballad Of Bonnie and Clyde'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје