Антена 5 Вести

Rag’n’Bone Man ќе настапи на Brit Awards

Минатогодишниот добитник на Critic’s Choice наградата, Rag’n’Bone Man се приклучи кон листата изведувачи на Британските музички награди.

Британскиот пејач, чие вистинско име е Rory Graham, има успешна година зад себе – неговото прво студиско издание “Human” дебитираше на 21 место на британската албумска листа и стана најбрзо продаваниот деби албум на британски машки изведувач во последната деценија. Освен тоа, минатата година на престижната манифестација ја освои и наградата за Најдобар британски нов изведувач, а настапи и на повеќе музички фестивали меѓу кои Exit во Нови Сад.

Rag’n’Bone Man се приклучува кон листата изведувачи составена од Foo Fightеrs, Ed Sheeran, Sam Smith, Dua Lipa и Stormzy.

Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во лондонската O2 Арена. Водител на манифестацијата ќе биде британскиот комичар Jack Whitehall.

Антена 5 и оваа година ќе ги емитува во живо Британските музички награди и подготвува специјална програма со јавувања во живо, интервјуа и извештаи пласирани во својата радио програма и преку своите друштвени платформи.

16.01.2018
Музички времеплов
  • 2003 - Michael Jackson формално е осуден поради 7 обвиненија за сексуално искористување деца.
  • 1980 - Родена е Christina Aguilera. What A Girl Wants
  • 1961 - USА No.1 Tokens 'The Lion Sleeps Tonight'
  • 1999 - Spice Girls ги промовираат своите восочни фигури во музејот Madame Tussaud во Лондон. Секоја чинела по 35.000 фунти.
  • 2000 - Пејачката и текстописец Kirsty MacColl загинува на 41 година во несреќа на брегот на Мексико, кога јахта удира во чамецот во кој се наоѓала.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје