Филм и животен стил

Amanda Seyfried во “Anon”

По филмот “In Time”, Amanda Seyfried повторно ќе соработува со режисерот Andrew Niccol. Овојпат на научно-фантастичниот филм “Anon” во кој ќе игра и Clive Owen.

Owen ќе игра детектив од блиската иднина, во свет во кој не постои приватност, анонимност и непознаници. Кога ќе дознае за млада жена (Seyfried) која очигледно не постои, започнува да се прашува дали транспарентното општество навистина може да биде ослободено од криминал или пак претставува голема закана.

10.03.2016
Музички времеплов
  • 1999 - Sinead O'Connor за првпат се појавува на ТВ откако се замонашува и станува Мајка Bernadette.
  • 1989 - На полицијата и станува сомнителен човек кој влегол во златарница во Лос Анџелес, на себе носејќи перика, лажни мустаки и заби. На крај се открива дека тоа бил Michael Jackson кој сакал да се прикрие.
  • 1964 - Деби лабумот на Rolling Stones, што го носи името на групата, го започнува своето 12 неделно опстојување на врвот на британската албумска листа.
  • 1904 - Роден е Bing Crosby. Снимил вкупно 2.600 песни меѓу кои е вториот најпродаван сингл на сите времиња 'White Christmas'.
  • 1972 - Bruce Springsteen е на аудиција пред шефот на CBS Records, John Hammond и бил воодушевен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје