Антена 5 Вести

Foo Fighters на Brit Awards

Американскиот рок бенд Foo Fighters за првпат во својата кариера ќе настапи на Британските музички награди кои ќе се одржат следниот месец. Тие се приклучуваат кон листата изведувачи составена, засега, од Ed Sheeran, Sam Smith, Dua Lipa и Stormzy.

Foo Fighters можат да се пофалат со четири бр.1 албуми во Велика Британија и повеќе награди на Brit Awards. Бендот предводен од Dave Grohl минатата година беше меѓу хедлајнерите на престижниот британски фестивал Гластонбери, a во септември нивниот албум “Concrete and Gold” се искачи на врвот на британската албумска листа.

Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во лондонската O2 Arena. Номинациите ќе бидат објавени на 13 јануари.

13.01.2018
Музички времеплов
  • 1986 - USA No1 Prince “Kiss” 2 w.
  • 1975 - еден од првите диско хитови "The Hustle" на Van McCoy доаѓа на американските топ листи.
  • 1988 - Sonny Bono е инаугуриран за градоначалник на Палм Спрингс.
  • 1972 - "First Time Ever I Saw Your Face" на Roberta Flack добива златен сертификат.
  • 1982 - Paul Simon и Art Garfunkel повторно се обединуваат за европска турнеја. Американскиот дел никогаш нема да се одржи поради тензии меѓу нив.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје