Музички Вести

Chris Martin ги потпиша документите за развод

Chris Martin конечно ги потпишал документите за развод од Gwyneth Paltrow.

39-годишниот фронтмен на Coldplay и 43-годишната актерка се венчаа во 2003, а во март 2014 објавија дека се разделуваат. Gwyneth во тоа време поднесе барање за развод, но на нејзиниот сопруг му беше потребно подолго време да го стави својот потпис за официјално окончување на нивниот брак.

“Chris ги потпиша документите за развод. Тие се во добри односи. како и секогаш, нивниот приоритет се децата,“ изјавил еден пријател на рокерот.

Според британските таблоиди, двојката одлучила да има заедничко старателство над децата, 11-годишната Apple и 9-годишниот Moses, а заедничкиот имот ќе го поделат рамномерно.

25.03.2016
Музички времеплов
  • 1972 - "First Time Ever I Saw Your Face" на Roberta Flack добива златен сертификат.
  • 2000 - Phil Collins ја добива тужбата за авторски права против Earth Wind and Fire кои му биле придружен бенд на неговиот албум во живо Serious Hits.
  • 1988 - Sonny Bono е инаугуриран за градоначалник на Палм Спрингс.
  • 1942 - роден е Alan Price, клавијатурист во Animals.
  • 1980 - USA No1 Blondie “Call Me” 6 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје