Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1999 - откако бил застрелан неколку пати и пренесен во болница Roger Troutman починува на 47 години.
  • 1977 - Elvis Presley настапува во Мичиген. Снимката од концертот ќе биде последното нешто снимено од Кралот.
  • 1968 - Beatles одбиваат да настапат за англиската кралица на шоуто на фондацијата British Olympic Appeal, причина – не пеат на добротворни концерти.
  • 1987 - UK No1 Madonna”La Isla Bonita” 2 w.
  • 1918 - родена е Ella Fitzgerald, позната по т.н. скат пеење.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје