Антена 5 Вести

U2 – MTV EMA Глобални икони

Добитници на наградата “Глобална икона” за 2017 која ќе се додели во рамките на MTV европските музички награди се ирските рок легенди U2. Добитници на оваа награда во минатото се Whitney Houston, Eminem, Queen, Green Day.

Одбележувајќи ја почеста, во сабота, еден ден пред одржувањето на MTV европските музички награди, ирскиот бенд ќе настапи на лондонскиот плоштад Трафалгар. Тие ќе бидат дел од посебната вечер насловена MTV Presents Trafalgar Square на која се очекуваат некои од најголемите имиња во светот на музиката. Дел од настапот на U2 ќе биде емитуван во текот на церемонијата на доделувањето на MTV европските музички награди, во недела, на 12 ноември во Вембли Арената.

Ирските легенди неуморно музицираат 39 години, издадоа 13 студиски албуми, освоија огромен број на награди и продадоа над 170 милиони примероци од своите албуми.

Во 2017 заминаа на турнеја одбележувајќи ја 30-годишнината од нивниот легендарен албум “The Joshua Tree”. Во септември 2017 ја издадоа “You’re the Best Thing About Me”, како прв сингл од албумот “Songs of Experience”, кој се очекува во декември.

08.11.2017
Музички времеплов
  • 1947 - Роден е легендарниот гитарист Carlos Santana. Еве го заедно со Rob Thomas во Smooth.
  • 1945 - Родена е Kim Carnes, најпозната по хитот 'Betty Davis Eyes'.
  • 1999 - Религиозните групации од средна Америка сметаат дека фотографиите на Britney Spears објавени во магазинот Rolling Stone, поттикнуваат детска порнографија. На фотките Britney е претставена со минимум облека на себе во својата спална соба
  • 1986 - Во Лондон е премиерата на филмот 'Sid And Nancy', базиран на животот на Sid Vicious од Sex Pistolѕ.
  • 1995 - Членот на Public Enemy, Flavor Flav си ги крши двете раце како последица на сообраќајка со мотор.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје