Антена 5 Вести

U2 – MTV EMA Глобални икони

Добитници на наградата “Глобална икона” за 2017 која ќе се додели во рамките на MTV европските музички награди се ирските рок легенди U2. Добитници на оваа награда во минатото се Whitney Houston, Eminem, Queen, Green Day.

Одбележувајќи ја почеста, во сабота, еден ден пред одржувањето на MTV европските музички награди, ирскиот бенд ќе настапи на лондонскиот плоштад Трафалгар. Тие ќе бидат дел од посебната вечер насловена MTV Presents Trafalgar Square на која се очекуваат некои од најголемите имиња во светот на музиката. Дел од настапот на U2 ќе биде емитуван во текот на церемонијата на доделувањето на MTV европските музички награди, во недела, на 12 ноември во Вембли Арената.

Ирските легенди неуморно музицираат 39 години, издадоа 13 студиски албуми, освоија огромен број на награди и продадоа над 170 милиони примероци од своите албуми.

Во 2017 заминаа на турнеја одбележувајќи ја 30-годишнината од нивниот легендарен албум “The Joshua Tree”. Во септември 2017 ја издадоа “You’re the Best Thing About Me”, како прв сингл од албумот “Songs of Experience”, кој се очекува во декември.

08.11.2017
Музички времеплов
  • 1967 - USА No.1 Beatles 'Penny Lane'
  • 1965 - Членовите на Rolling Stones се казнети со по 5 фунти зашто уринирале на јавно место. Инцидентот се случил во Рамфорд, Есекс, Англија.
  • 1963 - Родена е пејачката и поранешна моделка и мисица на САД, Vanessa Williams (1992 USА No.1 & UK No.3 'Save The Best To Last').
  • 1972 - Paul Simon го добива првиот соло британски бр.1 албум, со албумот што го носи неговото име. На ЛП-то се наоѓаат хитовите 'Mother And Child Reunion' и 'Me And Julio Down By The School Yard.'
  • 1950 - Роден е John Hartman од Doobie Brothers (1979 USА No.1 'What A Fool Believes', 1993 UK No.7 'Long Train Runnin').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје