Антена 5 Вести

Познат победникот на Critic’s Choice

Објавен е победникот на Critic’s Choice наградата во рамките на Британските музички награди 2019. Тоа е Sam Fender.

Тој ја добива наградата во значаен момент за неговата кариера. Во последните месеци беше зафатен со турнеја низ Британија и Европа, полека градејќи ја својата армија на лојални фанови. Овој млад музичар со база во Њукасл неодамна го издаде и своето деби  EP, “Dead Boys”.

За Critic’s Choice наградата годинава беа номинирани уште Lewis Capaldi и Mahalia. Наградата им се доделува на талентирани музичари на кои им се предвидува успех во  годината која претстои, а во која треба да го издадат својот деби албум. За победникот гласа специјален експертски тим составен од музички уредници во поголемите британски весници, музичките и лајф списанија и музичките веб сајтови, како и главните луѓе од големите ТВ и радио станици.

Претходни добитници на Critic’s Choice наградата се Adele, Florence + The Machine, Emeli Sande, Sam Smith, Rag’n’Bone Man и Jorja Smith.

Номинациите за Британските музички награди 2019 ќе бидат објавени на 12 јануари, а новото издание на наградите ќе се одржи на 20 февруари во лондонската Арена.

28.12.2018
Музички времеплов
  • 1966 - Beatles имаат 15-минутен сет концертот NME Poll Winners и тоа ќе им биде последен настап во В. Британија.
  • 2003 - Соул легендата Barry White преживува срцев удар, додека е во болница поради откажување на бубрезите. Ќе почине по 2 месеци.
  • 1978 - Роден е Chris Kelly едната половина на Kris Kross, кои во 1992 година го имаа американскиот бр1 хит 'Jump'. Дуото беше составено до Chris Smith и Chris Kelly кои имале 12 односно 13 години кога ја напишале песната.
  • 1973 - Washington DC, прогласува ден на Marvin Gaye.
  • 1957 - Роден е Steve Farris од Mr Mister.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје