Вести

Liam Gallagher е првата Рок икона на MTV EMA

MTV ќе ја одликува мегаѕвездата Liam Gallagher со првата воопшто Рок икона награда во рамките на MTV европските награди, на 3 ноември во Севиља, Шпанија. Рокерот, кој е и меѓу номинираните изведувачи, освен што ќе ја прими оваа награда, ќе изведе една хит нумера од времето со Oasis, како и нумера од неговиот последен албум “Why Me? Why Not”.
Повеќе

Dua Lipa ќе настапи на MTV EMA 2019

Поп супер ѕвездата Dua Lipa, која минатата година ја освои наградата Најдобар поп изведувач на MTV европските музички награди, се приклучи кон листата изведувачи за 26-тото издание на наградите кое ќе се одржи на 3 ноември во Севиља, Шпанија.
Повеќе

Niall Horan ќе настапи на MTV EMA 2019

Niall Horan ќе го изведе својот нов сингл “Nice To Meet Ya” на претстојните MTV европски музички награди на 3 ноември во Севиља. Станува збор за првиот сингл од неговиот втор соло албум продуциран од Julian Bunetta кој работеше и на неговиот хит “Slow Hands”.
Повеќе

Halsey, Mabel, Ava Max со настапи на MTV EMA

Halsey, Ava Max, Mabel, Akon, Becky G и Rosalia се првите изведувачи најавени за MTV европските музички награди, глобалното музичко шоу кое ќе биде одржано на 3 ноември во Севиља, Шпанија.
Повеќе

MTV EMA 2019 номинации

Американската ѕвезда Ariana Grande ја предводи листата номинации за годинашните MTV европски музички наград. Таа може да се пофали со номинации во 7 категории. Новите ѕвезди на светската музичка сцена Lil Nas X и Billie Eilish имаат по шест номинации, заедно со, сега веќе MTV EMA “ветеранот”, Shawn Mendes.
Повеќе
12345678910...
Музички времеплов
  • 1990 - Bill Wyman објавува дека завршува неговиот 17-месечен брак со со моделката Mandy Smith.
  • 1976 - Jerry Lee Lewis уапесен е зашто возел во пијана состојба и направил сообраќајка.
  • 2004 - Вокалистот на Oasis, Liam Gallagher, добива казна од 50.000 евра зашто се степал во германски хотел. Во тепачката ги губи двата прени заби, поради што групшата ја откажува германската турнеја.
  • 1980 - Abba го добиваат шестиот британски бр.1 албум 'Super Trouper'.
  • 1997 - Пејачот на INXS, Michael Hutchence, пронајден е мртов во хотелска соба во Сиднеј. Бил сосема гол и најверојатно претходно се обесил со сопствениот ремен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје