Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1986 - USA No1 Robert Palmer “Addicted to Love”.
  • 1948 - родена е Kate Pierson од B-52s.
  • 1951 - роден е Ace Frehley, гитарист во Kiss.
  • 1980 - по 3 години и еден ден работа затворена е легендарната њујоршка дискотека Studio 54 заради сомнителни активности.
  • 1999 - целосната заработувачка од концертот Hard Knock Life во Денвер, Jay-Z ја подарува на семејствата на застреланите средношколци во гимназија во оваа држава.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје