Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 1962 - USA No1 The Shirelles 'Soldier Boy'.
  • 2000 - Rod Stewart е подложен на едночасовна операција на грлото за отстранување израсток на штитната жлезда. На крај излегува дека израстокот бил безопасен.
  • 1951 - Роден е Rex Goh, гитарист во Air Supply.
  • 1942 - Родена е кантри пејачката Tammy Wynette (1975 UK No.1 'Stand By Your Man').
  • 1984 - UK No.1 Duran Duran 'The Reflex'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје