Настани

Exit 2019

04.07.2019 20:00 - 07.07.2019 23:50

Еxit фестивалот се одржа од 4 до 7 јули 2019 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. 19-тото издание на фестивалот беше според многумина можеби најдоброто досега. рекордот на дневна посета беше срушен уште на првиот ден кога низ фестивалските порти поминаа 56.000 луѓе, а во четирите фестивалски дена беше забележана посета од 200.000 посетители.

На 40 фестивалски бини и зони настапија речиси 1.000 изведувачи и уметници од целиот свет, а фестивалот привлече посетители од 90 земји низ светот. Меѓу хедлајнерите беа The Cure, Chainsmokers, Carl Cox, Maceo Plex, Greta Van Fleet, Solomun, Dimitri Vegas & Like Mike, Tom Walker, Paul Kalkbrenner, Lost Frequencies, Skepta, Mahmut Orhan…  

Во чест на титулата Младинска престолнина на Европа првиот ден на Exit беше именуван Opens Day. Програмата на главната бина стартуваше со историскиот концерт на еден од најголемите светски бендови The Cure, кои нивната публика во регионов ги чекаше дури четири децении!

Рокенролот беше присутен и со американската сензација Greta Van Fleet.

Американскиот состав The Chainsmokers покажа зошто важи за еден од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, чии хитови беа хорски пеени од публиката пред главната бина!

На Денс арената настапија водечките ѕвезди од светската електронска сцена. Веќе првата ноќ беше поставен енергетскиот максимум во заедничкиот настап на Carl Cox и Maceo Plex. Тандемската рапсодија на Solumun и Tale of Us траеше повеќе од шест часа. Честа да го затвори фестивалот и Ден Арената ја имаше најбараната техно ѕвезда на денешницата Amelie Lens. За самиот крај на својот настап таа ја одбра “Firestarter” во чест на починатиот KIeith Flint од prodigy, бенд кој беше тесно поврзан со Exit и чии настапи се меѓу историските на фестивалот.

Дека EXIT не е само музички фестивал, потврдија и Јоко Оно и Новак Ѓоковиќ, со нивните видео пораки до публиката, а во живо на отворањето на фестивалот се огласија и старите пријатели на EXIT, социјалните активисти од северноамериканското племе Standing Rock, чии членови денеска се во првите борбени редови за зачувување на животот на Земјата.

Завршната вечер, пред спектакуларниот настап на најдобро рангираните светски DJ-и Dimitri Vegas & Like Mike, популарнииот американски мотивациски говорник Хенри Амар укажа на важноста на одржување на менталното здравје и препорача на публика дека сè што бараат веќе го имаат во себе и дека не им е потребно да користат наркотици. „Да останеме чисти“, големата национална кампања, која Србија ја крена на нозе непосредно пред фестивалот, беше интензивно промовирана на EXIT фестивалот апелирајќи им на посетителите да изберат чист живот без наркотици.

Музички времеплов
  • 2000 - *NSYNC создаваат нов рекорд откако милион билети за претстојната турнеја ги продаваат во еден ден. Со тоа за 24 часа заработиле 42,5 милиони долари.
  • 1972 - Roberta Flack започнува 5-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'First Take.'
  • 1947 - Роден епејачот, текстописец и пијанист Reginald Dwight, однсоно Elton John (1971 UK No.7 'Your Song', 1973 USА No.1 'Crocodile Rock' и уште 7 други USА No.1. Сопственик е на најпродаваниот сингл на сите времиња 'Candle In The Wind 97', а има и уште над 50 UK Top 40 хит синглви. Продал над 150 милиони копии во светски рамки).
  • 1942 - Родена е Кралицата на соулот Aretha Franklin (1967 USА No.1 & UK No.10 'Respect, 1968 UK No.4 'I Say A Little Prayer' & 1987 UK No.1 сингл со George Michael 'I Knew You Were Waiting', и уште над 15 други UK Top 40 хитови).
  • 1989 - UK No.1 Madonna 'Like A Prayer'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје