Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1975 - Cher започнува сопствено неделно едночасовно музичко-комично шоу на CBS.
  • 2003 - 50 Cent доаѓа на првото место на американската албумска листа со ‘Get Rich or Die Tryin’.
  • 1991 - Queen го добиваат седмиот британски бр.1 албум 'Innuendo'.
  • 2003 - Massive Attack доаѓаат на првото место на британската албумска листа со ‘100th Window’.
  • 1962 - Роден е Tony Kylie од Blow Monkeys (1987 UK No.5 'It Doesn't Have To Be This Way').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје