Антена 5 Вести

Niall Horan ќе настапи на MTV EMA 2019

Niall Horan ќе го изведе својот нов сингл “Nice To Meet Ya” на претстојните MTV европски музички награди на 3 ноември во Севиља. Станува збор за првиот сингл од неговиот втор соло албум продуциран од Julian Bunetta кој работеше и на неговиот хит “Slow Hands”.

Horan се приклучува кон листата изведувачи на MTV EMA 2019 составена од Halsey, Ava Max, Mabel, Akon, Becky G и Rosalia.

Toj беше дел од One Direction, бој бендот чија музича се закити со тираж од над 80 милиони продадени примероци. Неговиот соло деби албум “Flicker” дебитираше на 1 место на американската албумска листа во 2017.

Антена 5 како и секогаш ќе ја пренесува атмосферата од градот домаќин на наградите Севиља, придружните настани, црвениот тепих и од самото шоу.

28.10.2019
Музички времеплов
  • 1874 - Џуљермо Маркони го пронашол радиото. Прв слушател на првата радио програма е неговата жена.
  • 2002 - на 30 години во сообраќајка загинува Lisa "Left Eye" Lopes, од женската Р&Б група TLC.
  • 1977 - Elvis Presley настапува во Мичиген. Снимката од концертот ќе биде последното нешто снимено од Кралот.
  • 1974 - од претерана доза хероин, на 27 години умира Pam Morisson, вдовицата на Jim Morrison.
  • 1999 - откако бил застрелан неколку пати и пренесен во болница Roger Troutman починува на 47 години.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје