Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1981 - USA No1 Sheena Easton 'Morning Train (9 to 5)'.
  • 1969 - Роден е Ben Leach од The Farm, најпознати по хитот 'All Together Now'.
  • 1999 - Sinead O'Connor за првпат се појавува на ТВ откако се замонашува и станува Мајка Bernadette.
  • 1972 - Bruce Springsteen е на аудиција пред шефот на CBS Records, John Hammond и бил воодушевен.
  • 1963 - Beatles за првпат доаѓаат на врвот на британската сингл листа со 'From Me To You', воедно прв од 11-те последнователни британски бр1 хитови за групата.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје