Филм и животен стил

“La La Land” победи на британските БАФТА награди

Филмскиот мјузикл “La La Land” е големиот победник на британските филмски награди БАФТА кои се одржаа на 12 февруари во Лондон.

Филмот во режија на Damien Chazelle освои пет од 11-те номинации, меѓу кои за Најдобар филм, Најдобра режија и Најдобра женска главна улога.

Големиот губитник на вечерта, пак, беше “Nocturnal Animals” кој од 11-те номинации не успеа да освои ниту една. Нешто поблада судбина имаше “Arrival” на Denis Villeneuve кој од деветте номинации освои само една награда, и тоа за најдобар звук. Уште еден губитник беше “Moonlight” на Barry Jenkins кој беше номиниран во четири категории, а не освои ниту една награда.

Листа на наградени:

Најдобар филм – “La La Land”

Исклучителен британски филм – “I, Daniel Blake”

Ѕвезда во подем – Tom Holland

Исклучително деби на британски режисер, сценарист или продуцент – “Under the Shadow” (Babak Anvari, сценарист и режисер; Emily Leo, Oliver Roskill, Lucan Toh, продуценти).

Филм од не-англиско јазично подрачје – “Son of Saul”, Laslo Nemes, Gabor Sipos

Документарен филм – “13th Ava DuVernay”

Анимиран филм – “Kubo and the Two Strings”, Travis Knight

Режија – “la La Land”, Damien Chazelle

Оригинално сценарио – “Manchester By The Sea”, Kenneth Lonergan

Адаптирано сценарио – “Lion”, Luke Davies

Главна машка улога – Casey Affleck, “Manchester By The Sea”

Главна женска улога – Emma Stone, “La La Land”

Споредна машка улога – Dev Patel, “Lion”

Споредна женска улога – Viola Davis, “Fences”

Оригинална филмска музика – “La La Land”, Justin Hurwitz

Кинематографија - “La La Land”, Linus Sandgren

Монтажа – “Hacksaw Ridge”, John Gilbert

Сценографија – “Fantastic Beasts and Where To Find Them”

Костимографија – “Jackie”

Шминка – “Florence Foster Jenkins”

Звук – “Arrival”

Специјални визуелни ефекти – “The Jungle Book”

13.02.2017
Музички времеплов
  • 1989 - USА No.1 Richard Marx 'Satisfied'
  • 1970 - Роден е Glenn Medeiros (1988 UK No.1 'Nothing's Gonna Change My Love For You', 1990 USА No.1 'She Ain't Worth It').
  • 1961 - Роден е Curt Smith, воклаист и басист во Tears For Fears (1985 USА No.1 & UK No.2 'Everybody Wants To Rule The World' и уште 12 други британски топ 40 хитови).
  • 1977 - UK No.1 Jacksons 'Show You The Way To Go'
  • 1944 - Роден е Mick Fleetwood, тапанист во Fleetwood Mac (1987 UK No.5 'Little Lies' и 1977 USА No.1 'Dreams' од светскиот бр.1 албум 'Rumours').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје