Антена 5 Вести

Познат победникот на Critic’s Choice

Објавен е победникот на Critic’s Choice наградата во рамките на Британските музички награди 2019. Тоа е Sam Fender.

Тој ја добива наградата во значаен момент за неговата кариера. Во последните месеци беше зафатен со турнеја низ Британија и Европа, полека градејќи ја својата армија на лојални фанови. Овој млад музичар со база во Њукасл неодамна го издаде и своето деби  EP, “Dead Boys”.

За Critic’s Choice наградата годинава беа номинирани уште Lewis Capaldi и Mahalia. Наградата им се доделува на талентирани музичари на кои им се предвидува успех во  годината која претстои, а во која треба да го издадат својот деби албум. За победникот гласа специјален експертски тим составен од музички уредници во поголемите британски весници, музичките и лајф списанија и музичките веб сајтови, како и главните луѓе од големите ТВ и радио станици.

Претходни добитници на Critic’s Choice наградата се Adele, Florence + The Machine, Emeli Sande, Sam Smith, Rag’n’Bone Man и Jorja Smith.

Номинациите за Британските музички награди 2019 ќе бидат објавени на 12 јануари, а новото издание на наградите ќе се одржи на 20 февруари во лондонската Арена.

28.12.2018
Музички времеплов
  • 1950 - Роден е John Hartman од Doobie Brothers (1979 USА No.1 'What A Fool Believes', 1993 UK No.7 'Long Train Runnin').
  • 1963 - Родена е пејачката и поранешна моделка и мисица на САД, Vanessa Williams (1992 USА No.1 & UK No.3 'Save The Best To Last').
  • 1967 - USА No.1 Beatles 'Penny Lane'
  • 1970 - Родена е раперката и актерка Queen Latifah (1990 UK No. 14 сингл со De La Soul - 'Mama Give Birth To The Soul Children').
  • 1959 - Родена е пејачката и актерка Irene Cara (1982 UK No.1 & USА No. 4 'Fame' & 1983 USА No.1 & UK No.2 'Flashdance...What A Feeling').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје