Антена 5 Вести

The 1975 ќе настапат на Brit Awards

Најдобро приодаваниот британски бенд во моментов, The 1975 ќе настапи на Британските музички награди, приклучувајќи им се на George Ezra, Little Mix и Jorja Smith на листата изведувачи.

“Почестени сме што сме номинирани во две категории за претстојните Британски музички награди и возбудени сме што ќе се вратиме во О2 Арената за да настапиме на сцената. Шоуто ќе биде извонредно,“ се вели во изјавата потпишана од момците.

Бендот The 1975 годинава e номиниран за Најдобра британска група, категорија која ја освоија во 2017, како и за Најдобар британски албум на годината. Своето трето студиско издание 'A Brief Inquiry Into Online Relationships' го објавија во ноември 2018, наедно освојувајќи ја британската албумска листа по трет пат. Оваа четворка од Манчестер во моментов е на турнеја низ Британија, а наскоро ги очекуваат и концерти во глобални рамки.

39-тото издание на Британските музички награди ќе се одржи на 20 февруари во O2 Арената во Лондон и ќе се емитува во живо на Антена 5 радио. Номинациите за наградите беа објавени кон средината на јануари, а листата со по 4 номинации ја предводат Anne-Marie и Dua Lipa. Домаќин на манифестацијата е актерот и комичар Jack Whitehall.

22.01.2019
Музички времеплов
  • 1999 - Поранешниот менаџер на Sex Pistols, Malcolm McLaren објавува дека ќе се кандидира за градоначалник на Лондон. Неговата изјава гласи: 'Го сменив Лондон со Sex Pistols, можам да го сменам и како градоначалник'.
  • 1984 - Do They Know Its Christmas' на Band Aid влегува на првото место на британската синглска листа и на таа позиција останува 5 недели. Ќе стане најпродаван британски сингл на сите времиња со тираж од 3,5 милиони копии.
  • 1997 - Во Лондон премиерно се прикажува филмот на Spice Girls, 'Spice World The Movie'. Следната година ќе биде номиниран за 'најлош филм' на доделувањето на наградата Златна малина.
  • 1922 - Роден е американскиот диџеј Alan Freed, човекот што му го даде името на Rock 'n' Roll-от.
  • 1942 - Роден е Dave Clark од Dave Clark Five. UK No.1 'Glad All Over'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје