Антена 5 Вести

Calvin Harris со деби на Британските музички награди

Супер успешниот шкотски диџеј и продуцент Calvin Harris ќе го има своето деби на Британските музички награди како изведувач. За оваа посебна пригода тој се потруди да има настап за кој долго ќе се зборува бидејќи на сцената ќе биде придружен од три големи британски ѕвезди и БРИТ добитници – Dua Lipa, Sam Smith и Rag’n’Bone Man.

Тие се приклучуваат кон листата изведувачи составена од 1975, George Ezra, Little Mix и Jorja Smith.

Harris е номиниран во категориите Најдобар сингл и Најдобар спот заедно со Dua Lipa за “One Kiss”, нумерата која беше најпродаваниот сингл за 2018 во Британија и која помина осум недели на врвот на британската сингл листа. Dua Lipa e номинирана во истите категории и за својот хит сингл “IDGAF”. Sam Smith, пак, е номиниран во категоријата Најдобар британски машки изведувач.

39-тото издание на Британските музички награди ќе се одржи на 20 февруари во O2 Арената во Лондон и ќе се емитува во живо на Антена 5 радио. Номинациите за наградите беа објавени кон средината на јануари, а листата со по 4 номинации ја предводат Anne-Marie и Dua Lipa. Домаќин на манифестацијата е актерот и комичар Jack Whitehall.

07.02.2019
Музички времеплов
  • 1922 - Роден е американскиот диџеј Alan Freed, човекот што му го даде името на Rock 'n' Roll-от.
  • 1984 - Do They Know Its Christmas' на Band Aid влегува на првото место на британската синглска листа и на таа позиција останува 5 недели. Ќе стане најпродаван британски сингл на сите времиња со тираж од 3,5 милиони копии.
  • 1997 - Во Лондон премиерно се прикажува филмот на Spice Girls, 'Spice World The Movie'. Следната година ќе биде номиниран за 'најлош филм' на доделувањето на наградата Златна малина.
  • 1999 - Поранешниот менаџер на Sex Pistols, Malcolm McLaren објавува дека ќе се кандидира за градоначалник на Лондон. Неговата изјава гласи: 'Го сменив Лондон со Sex Pistols, можам да го сменам и како градоначалник'.
  • 1942 - Роден е Dave Clark од Dave Clark Five. UK No.1 'Glad All Over'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје