Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1976 - David Bowie го има првиот од шесте распродадени концерти на Вембли Стадионот, негова прва британска турнеја по 3 години.
  • 1997 - Katrina And The Waves победуваат на изборот за песна на Евровизија со песната 'Love Shine A Light'.
  • 1955 - Роден е Steve Jones, гитарист во Sex Pistols.
  • 1972 - Роден е Mark Morrison, сопственик на британскиот бр1 хит 'Return Of The Mack'.
  • 1953 - Роден е Bruce Hall од REO Speedwagon, кои го имаа хитот 'Keep On Loving You'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје