Музички Вести

Chris Martin ги потпиша документите за развод

Chris Martin конечно ги потпишал документите за развод од Gwyneth Paltrow.

39-годишниот фронтмен на Coldplay и 43-годишната актерка се венчаа во 2003, а во март 2014 објавија дека се разделуваат. Gwyneth во тоа време поднесе барање за развод, но на нејзиниот сопруг му беше потребно подолго време да го стави својот потпис за официјално окончување на нивниот брак.

“Chris ги потпиша документите за развод. Тие се во добри односи. како и секогаш, нивниот приоритет се децата,“ изјавил еден пријател на рокерот.

Според британските таблоиди, двојката одлучила да има заедничко старателство над децата, 11-годишната Apple и 9-годишниот Moses, а заедничкиот имот ќе го поделат рамномерно.

25.03.2016
Музички времеплов
  • 1969 - Верзијата на Frank Sinatra на 'My Way' за првпат доаѓа во топ10 на британската листа. Во следните 3 години повторно ќе се искачува на топ листата уште осум пати.
  • 1977 - Adam And The Ants во Лондон го имаат првиот настап во живо.
  • 2000 - Bobby Brown е уапсен на аеродром во Њу Џерси зашто не дозволил да биде претресен под сомнение за поседување дрога.
  • 1946 - Роден е Graham Gouldman, пејач, текстописец и гитарист во групите High Spots, Crevattes, 10CC, (1975 UK No.1 и US No.2 'I'm Not In Love'). Пишувал и песни за Herman's Hermits, Hollies и Yardbirds.
  • 1972 - Slade ја започнуваат првата голема турнеја.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје