Антена 5 Вести

Rag’n’Bone Man ќе настапи на Brit Awards

Минатогодишниот добитник на Critic’s Choice наградата, Rag’n’Bone Man се приклучи кон листата изведувачи на Британските музички награди.

Британскиот пејач, чие вистинско име е Rory Graham, има успешна година зад себе – неговото прво студиско издание “Human” дебитираше на 21 место на британската албумска листа и стана најбрзо продаваниот деби албум на британски машки изведувач во последната деценија. Освен тоа, минатата година на престижната манифестација ја освои и наградата за Најдобар британски нов изведувач, а настапи и на повеќе музички фестивали меѓу кои Exit во Нови Сад.

Rag’n’Bone Man се приклучува кон листата изведувачи составена од Foo Fightеrs, Ed Sheeran, Sam Smith, Dua Lipa и Stormzy.

Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во лондонската O2 Арена. Водител на манифестацијата ќе биде британскиот комичар Jack Whitehall.

Антена 5 и оваа година ќе ги емитува во живо Британските музички награди и подготвува специјална програма со јавувања во живо, интервјуа и извештаи пласирани во својата радио програма и преку своите друштвени платформи.

16.01.2018
Музички времеплов
  • 1997 - UK No.1 Michael Jackson 'Blood On The Dance Floor'
  • 2003 - Jemini стануваат првите претставници на В. Британија кои на Евросонгот не добиваат нити еден поен.
  • 1961 - UK No.1 Temperance Seven 'You're Driving Me Crazy'
  • 2001 - Гитаристот на Oasis, Noel Gallagher добива оштета од Daily Mirror заради лажна вест дека се разведува со Meg Matthews.
  • 1985 - Dire Straits го добиваат вториот британски бр. 1 албум 'Brothers In Arms', бр. 1 и во САД и во уште 24 други земји. Се продава во над 20 милиони копии во светски рамки.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје