Антена 5 Тим

Тони

Антонио Велковски

Водител, Програмски продуцент

Оние што добро ме познаваат уште не можат да сфатат како може да функционира комбинацијата јас + станување рано + расположеност за зборување наутро, ама тоа е потврда дека чуда постојат. Како татко на малолетно дете, поспаноста ми е секојдневие, а ја надминувам со помислата дека ме очекува уште еден убав ден полн со музика, дружење со позитивни луѓе, „висење“ на интернет и заразно детско кикотење. Знам дека животот е инспиран од љубовта, а управуван од знаењето, па се трудам двата фактори рамномерно да ми бидат застапени во моето секојдневие. Ама да не се размуабетувам многу, да оставам нешто и за утре, кога во 8.00 часот ќе се слушнеме преку фрекфенциите на Антена 5.

antonio@antenna5.fm
Стил
Soul, Smooth Jazz, R&B
Фаворити
Beyonce, Norah Jones, Michael Buble, Adele, Amy Winehouse, Alicia Keys, Bebel Gilberto, Duffy, John Legend
Специјалност
Песни
Adele – Chasin Pavements, Michael Buble – Song For You, Alicia Keys – If I Ain’t Got You,
Музички времеплов
  • 1952 - Роден е Joe Strummer, пејач, текстописец и гитарист во The Clash.
  • 2002 - Atomic Kitten се соочуваат со тужба, откако го отпуштаат Andy McCluskey, текстописецот на нивниот прв британски бр.1 хит 'Whole Again'. Бендот бил пред отпуштање од Innocent records кога се снимала песната, што подоцна ќе стане голем хит. Девојќите тогаш побарале поголема поделба на заработката од синглот, но McCluskey не прифатил. Според оригиналниот договор, секоја членка требало да добие по 4 фунти од секоја продадена копија на синглот.
  • 1957 - Родена е Kim Sledge од Sister Sledge.
  • 1938 - Роден е Kenny Rogers (1977 UK No.1 'Lucille', 1980 USА No.1 & UK No.12 'Lady' и уште 15 други американски топ 40 хитови).
  • 1980 - Родена е американската R&B пејачка Kelis Rogers (2004 UK No.2 'Milkshake').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје